ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА, ВРАЌАЊЕ, РЕФУНДАЦИЈА И ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКА
1. Политика за изработка
Сите наши производи се изработуваат по нарачка со висококвалитетни материјали и современи технологии.
Текстилните производи (маици, бодиња, перници, торби, дуксери и слично) се печатат со директен печат на текстил (DTG), што овозможува долготрајни и живописни бои.
Керамичките и полиестер производи (чаши, шишиња, камен, стакло, привезоци итн.) се печатат со сублимација, техника што овозможува траен и јасен принт.
Секој производ поминува низ детална проверка пред пакување, за да се осигуриме дека ја исполнува нашата стандардна политика за квалитет.
2.Достава
Нашата цел е секој ваш производ да пристигне безбеден, навреме и со насмевка.
Време на испорака
Изработката на производите обично трае 2 до 5 работни дена, во зависност од типот на производот и обемот на нарачки.
Откако изработката ќе заврши, производите се предаваат на курирска служба (Ин Пошта Радески) и испораката до вашата адреса трае 3 до 5 работни дена, зависно од локацијата, а за некои делови на Македнија доставата е еднаш во недела.
Во периоди на голем обем на нарачки (празници, промоции и акции), можни се кратки доцнења - за што секогаш навремено информираме преку е-пошта или телефон.
Цена на достава
Цената на достава се пресметува при процесот на нарачка и е јасно прикажана пред потврдување на нарачката.
За нарачки над 3000 денари достава е бесплатна.
Следење на пратка
По предавањето на производот на курирска служба, ќе добиете потврда со број за следење на пратката, со кој можете да ја проверите состојбата на вашата испорака.
3Дизајн Центар не сноси одговорност за доцнења предизвикани од курирската служба, временски услови или празници, но секогаш сме тука да помогнеме во решавањето на секоја ситуација.
3. Откажување на нарачка
Откажување на нарачка е можно во рок од 12 часа по извршеното нарачување, доколку производот се уште не е ставен во процес на изработка.
Бидејќи повеќето наши производи се персонализирани (со имиња, фотографии, текстови или уникатен дизајн), по започнување на изработката не е можно откажување или враќање на средствата.
Доколку сакате да ја откажете вашата нарачка, ве молиме контактирајте не што е можно побрзо на:
📧 hello@3dizajncentar.com
и наведете го бројот на вашата нарачка.
Исто така, нарачката автоматски ќе биде откажана доколку во предвидениот рок не е извршена уплата.
Секое барање се разгледува индивидуално, со цел да обезбедиме најфер и најбрзо можно решение.
4. Враќање на производ
Поради природата на нашите производи - кои најчесто се персонализирани и создадени по индивидуална нарачка - не вршиме враќање на пратки или замена освен во следниве случаи:
производот пристигнал оштетен при транспорт;
изработен е со грешка од наша страна (погрешно име, боја, дизајн или текст);
производот е различен од оној што е наведен во вашата нарачка.
Во овие случаи, потребно е да не известите во рок од 12 часа по приемот на пратката, со приложена фотографија од производот и опис на проблемот, на hello@3dizajncentar.com.
Откако ќе ја провериме ситуацијата, ќе ви понудиме:
нова изработка на производот, или
целосна замена без дополнителни трошоци за вас.
Производите кои се користени, оштетени по вина на купувачот или испрани (во случај на текстил), не подлежат на враќање или рефундација.
5. Политика за рефундација
Доколку вашето барање за рефундација биде одобрено, средствата ќе бидат вратени во рок од 5 до 10 работни дена преку истиот начин на плаќање со кој е извршена нарачката.
Износот што се враќа може да биде коригиран со оглед на:
трошоците за достава (доколку веќе се извршени),
состојбата на производот,
или евентуалните дополнителни трошоци при трансакција.
Во случај на одбиена уплата, недоволна уплата или грешка при трансакција, клиентот ќе биде известен преку е-пошта со насоки за корекција или повторна уплата.
6. Пакување и безбедност
Секој производ е внимателно спакуван за да се заштити од оштетување при транспорт.
Користиме еколошки и рециклирани материјали каде што е можно, за да го намалиме влијанието врз животната средина.
Ве молиме проверете ја пратката при прием. Доколку пакувањето е видно оштетено, ве советуваме да не ја прифаќате пратката и веднаш да не известите.
7. Контакт
За сите прашања, рекламации или дополнителни информации, слободно контактирајте на:
📧 hello@3dizajncentar.com
📍 Маршал Тито бр 10, с. Брвеница, Северна Македонија
💚 3Дизајн Центар - каде секој подарок е создаден со љубов, внимание и лична приказна.