ЗАЧЛЕНИ СЕ ВО НАШАТА МАИЛИНГ ЛИСТА И ДОБИ 15% ПОПУСТ ЗА ДОБРЕДОЈДЕ

Добредојдовте во нашата олине продавница - место каде секој подарок раскажува приказна.

Во 3Дизајн Центар, специјализирани сме за создавање подароци со душа - персонализирани производи за бебиња, деца, семејства и сите кои веруваат дека најубавите подароци се оние направени со љубов и мисла. Без разлика дали прославувате прв роденден, добредојде за ново бебе, празник, годишница или сакате да внесете малку светлина во нечиј ден - тука ќе најдете нешто што ќе допре до вашето срце.

Нашите дизајни се создадени со внимание и инспирација, за секој производ да носи автентична порака и уникатен шарм. Ние веруваме дека подарокот не е само предмет - тој е спомен, емоција и гест што се памети долго време.

Секој производ што ќе го најдете овде е дизајниран, печатен и внимателно спакуван во нашето студио во Брвеница, Тетово, со користење на висококвалитетни материјали и безбедни мастила - совршени за малите рачиња и големите срца.
Нашите текстилни производи се печатат со технологија директен принт на текстил, додека керамичките и полиестерните производи се изработуваат со сублимација, што гарантира живи бои и трајност што не избледува со времето.

Во секој дизајн внесуваме дел од себе - малку љубов, малку инспирација и многу внимание кон деталите. Нашата цел е секој купувач да почувствува дека добива нешто направено токму за него, со целосно персонализиран пристап и искрена посветеност.

Тука не се работи само за купување подарок - туку за создавање момент, приказна и спомен што ќе се раскажува уште долго.

Започнете со разгледување, персонализирајте го вашиот омилен производ и дозволете ни да ви донесеме радост - еден подарок за една приказна.