Секој подарок го изработуваме со ваш личен печат | Испраќаме во рок од 24-48 часа
Правни информации
Правно име: 3Дизајн Центар ДООЕЛ с. Брвеница, Брвеница
ЕМБС: 7492626
ЕДБ: 4037021502826
Адреса: Маршал Тито бр 10, с. Брвеница, Тетово
Телефон: 071363580
Е-пошта: 3designcenter@gmail.com

Создајте најслатки спомени со персонализиран сет на маичка и боди – совршена комбинација за родители и нивните најмали.
Сетот е идеален за мама и бебе, тато и бебе, тетка/ вујче и бебе но и како уникатен подарок за новороденче, baby shower, прв роденден или посебен семеен момент.
Маичката и боди-то се персонализираат со име, кратка порака, датум или дизајн по ваша желба. Можете да изберете заеднички мотив, симпатичен натпис или целосно уникатна идеја која ќе го направи сетот само ваш.
Секој сет се изработува по нарачка во нашата работилница во Брвеница, со внимание кон деталите и квалитетот на печатот. Дизајнот го подготвуваме според вашата идеја, за да добиете персонализирана облека која ќе биде прекрасна за носење, но и за создавање незаборавни семејни фотографии.
Испратете ни ја вашата идеја, име или порака и заедно ќе создадеме уникатен сет за вас.
Големини:
Маички: Женски модели S-L, Машки маици S-XXL, Боја бела и црна
Боди: КРАТО/ДОЛГ ракав, 62 - 1 до 2 месеци, 68 - 2 до 4 месеци, 74 - 4 до 6 месеци, 80 - 6 до 9 месеци, 86 - 9 до 12 месеци, 92 - 12 до 18 месеци, 98 - 18 до 24 месеци, 104 - 2 до 3 години
Материјал: 100% памук
Печат: Директно на текстил со текстилни бои на бела маица и боди, DTF/пресликувач на црна маица
Оддржување: перење во машина на 30* свртено наопаку, не суши во машина за сушење